Роден е на 14.02.1875 година во с. Горно Броди, Серско. Завршил Педагошко училиште во Ќустендил и две години студирал на Софискиот универзитет. Неколку години учителствувал во Дупница и други места во Бугарија. Во 1903 година неколку месеци престојувал во Македонија и бил еден од непосредните сведоци на загинувањето на Г.Делчев.
По Илинденското востание се ориентирал кон левицата и станал нејзин идеолог. На Рилскиот конгрес бил избран за редактор на органот на ВМОРО „Револуционерен лист“. Бил противник на врховизмот и десницата.
По 1908 година се вратил во татковината и во Солун неколку месеци го издавал органот на Санданистите, станувајќи еден од идејните творци на Народната федеративна партија.
Во фракциските борби што настанале во редовите на ВМРО по Првата светска војна, како и во меѓусебните пресметки, како припадник на левицата, на 13.09.1924 година бил убиен на една од софиските улици. |